Договорот меѓу Европската унија и Турција со кој треба да се стави крај на приливот мигранти во Европа, од денеска е на сила.Договорот беше постигнат пред два дена.12102015190020_turkey-eu1scscs-16322-25500

Според документот, Анкара ќе прифати назад илегални мигранти кои преминале во Грција вклучително и сириски бегалци, доколку ЕУ преземе некои сириски бегалци, а Анкара ќе добие пари, ќе биде воведен безвизен режим на патување и ќе и се обезбеди напредок во преговорите за членство во Унијата.

Исто така, балканската рута останува затворена.

Според западни медиуми, Грција нема да биде во можност да почне да враќа бегалци од Турција од денеска. Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги известил вчера министрите да бидат подготвени за почеток на префрлување бегалци, но официјални лица тврдат дека за тоа треба многу повеќе време.

– Таков план не може да почне да асе спроведува за 24 часа, изјави портпаролот на координаторот на владата за политиката кон бегалците, Јоргос Кирицис.

Околу 2.300 безбедносни и правни експерти треба да стигнат во Грција за помош за спроведување на договорот. Париз и Берлин ветија испраќање 600 полицајци и експерти за азил.

Се очекува бегалците да почнат да се враќаат во Турција од 4 април. Во Грција моментно има околу 47.500 бегалци, 8.200 на островите и 10.500 на Идомени.

Слични содржини