Бијонсе и Џеј Зи станаа милијардери, според рејтингот на Forbes, кој се појави наскоро и објави дека раперот поседува 810 милиони долари.

Повеќето од парите на Џеј Зи се во музичката куќа “Рок нејшн” и другите компании. Семејството има значителен удел и во стриминг платформата Тајдал. Џеј Зи потпиша 10-годишен договор со “Лајв нејшн” за концерти. Тој е во вредност од 200 милиони долари.

Според изданието неговата сопруга е сопственик на 350 милиони долари и ако се собере статусот на двајцата, тоа прави 1,16 милијарди.

Двајцата сопружници кои го очекуваат појавувањето на близнаците, имаат уште една ќеркичка – 5 годишната Блу Ајви. Нивната свадба се одржа во април 2008 година.

И ако при првата бременост Бијонсе беше дискретна према бременоста, тогаш овојпат ѕвездата не престанува да обзнанува колку ѝ пораснал стомакот.