Од палатата Кенсингтон објавија исклучително важна вест за раѓањето на третото дете на Кејт Мидлтон

од desk4

Војводите на Кембриџ, Вилијам и Кетрин очекуваат трето дете да се роди во април 2018 година, соопшти кабинетот на палатата Кенсингтон, цитиран од светските медиуми.

Веста беше објавена и на официјалните профили на социјалните мрежи на Кенсингтон Палас.

Медиумите веќе одамна објавија дека Кетрин е бремена и страда од утрински мачнини, но не открија кога се очекува новиот член на кралското семејство.

Вилијам и Кејт имаат две деца. Најстариот од нив и третиот наследник на тронот е 4-годишниот принц Џорџ. Нивната ќерка, принцезата Шарлот, е родена во 2015 година и е четврта наследничка на британската круна.

Слични содржини