Од понеделник Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе ѝ го даде дополнителното обезбедување што специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, го побара неделава, велат за „Мета“ од кабинетот на Јанева.

janeva

Јанева побара засилено обезбедување за неа и за обвинителите од нејзиниот тим, еден ден по обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во кое тој остро ја нападна.

За понеделник, како што информираат од Специјалното јавно обвинителство за „Мета“, била закажана и седницата на Советот на јавни обвинители, на која ќе присуствува и Јанева и ќе даде одговор на прашањата околу отстранувањето на двете обвинителки од нејзиниот тим.

„Ве известуваме дека добивме информација од МВР дека побараното обезбедување ќе биде ставено на располагање од понеделник“, стои во дописот од Специјалното јавно обвинителство. „Воедно ве известуваме дека за понеделник е закажана седницата на Советот на јавни обвинители на која е поканета и специјалната јавна обвинителка, која ќе присуствува на седницата и ќе даде одговор на поставените прашања“, се додава во одговорот на СЈО на нашите прашања во врска со доплнителното обезбедување и за тоа дали добила покана од Советот да даде изјава пред тричлената комисија која треба да го расветли случајот со двете разрешени обвинителки.

 

META

Слични содржини