Oд следниот месец „Нисан“ ќе започне со проби на првите автономни автомобили

од Vladimir Zorba

Додека дебатите за добрите и лошите страни на автономната технологија продолжуваат, “Нисан” се подготвува да ги пушти пробно во Европа првите автомобили без возач. Уште во февруари улиците на Лондон ќе се исполнат за прв пат со роботски, самоуправувачки возила, благодарение на јапонскиот гигант во автомобил-производството.

Експерти во областа на безбедноста и технологијата, како и претставници на власта ќе бидат меѓу првите кои ќе разберат за првпат какво е чувството да бидеш патник во целосно автоматизиран автомобил, соопштува “Индипендет”, повикувајќи се на информации од лондонската гранка на производителот.

“Само за неколку недели по патиштата на Лондон веќе ќе се користи нашата автономна технологија на возење. Интелигентната мобилност на” Нисан “се случува сега, токму тука во Англија, во Европа”, рече потпретседателот на “Нисан Европа” Пол Вилкокс. Вилкокс изрази уште надеж дека слично иноваторство ќе е само чекор кон една нова “иднина во дизајнот, инженерството и производството” во Англија.

Слични содржини