Почина поранешниот селектор на Македонија, Слободан Сантрач  на 70-годишна возраст, јавува Радио Телевизија Србија.  Сантрач почина како последница на срцев удар. Тој кратко време седеше на клупата на нашиот национален тим во 2005 година, период во кој забележа една победа и три порази, по што го напушти кормилото на „црвено-жолтите“.

off.net.mk-23182

Сантрач меѓу  своите играчки денови важеше за извонреден голгетер, кој во дресот на ОФК Београд четири пати ја добиваше наградата за најдобар стрелец во југослвенскиот шампионат.

Тој беше селектор на Југославија од 1994 до 1998 година, а по мундијалот во Франција таа година си замина од кормилото на „сините“ и се пресели во Кина. Покрај во Македонија, тој кратко време работеше и во Саудиска Арабија.

Слични содржини