Од утре средношоколците поддржани од наставници, родители и граѓани со почеток во 17 часот ќе почнат со блокирање на улицата пред Министерството за образование и наука. Според нив, намерата им е да извршат притисок врз МОН да попуштат во својот став и да ги продолжат преговорите со нив. Пленумци ги повикаа сите да им дадат поддршка и заеднички да излезат на еден голем протест.

srednokolci-727x400

Средношколците денеска се пожалија и на притисоци од страна на дирекотирте и на професорите, но информираа и дека непознати лица се претставувале како инспектори , дека барале податоци за учениците кои бојкотираат, но и за нивните семејства.

Досега околу 10 илјади граѓани се потпишаа на петицијата за поддршка за средношколците. Пленумци повеќе од еден месец ја бојкотираат формалната настава , а втора недела спијат во паркот пред МОН.

Слични содржини