Преговорите помеѓу четирите политички партии за детално спроведување на политичкиот договор, ќе продолжат во почетокот на наредна недела со посредништво на белгискиот експерт Питер Ван Ховит, велат за Алсат-М претставници на ДУИ.

han-i-trojcata-evropratenici-na-liderskata-sredba-na-29-juni11-540x287

Приоритет ќе имаат прашањата кои се поврзани со предвремените парламентарни изброи, закажани за 24 април наредна година. Во тој контекст, работната група треба да дискутира и за прашањето на Државната изборна комисија, која според Договорот од 2 јуни, треба да претрпи промени во составот најдоцна до 31 јули. Сепак, дел од експертите се скептични за нивото на посредништво во понатамошните преговори, имајќи ги предвид досегашните тешкотии за време на преговорите, но и важните прашања кои треба да бидат решени.

Со договорот од 2 јуни, Европската унија се заложи дека ќе го олеснува дијалогот помеѓу политичките партии за насочување на реформите, а тоа одбраа да го сторат преку делегацијата на белгискиот експерт, Питер Ван Ховит. Надгледувањето е најавено преку Советот за стабилизација и асоцијација, Предпристапниот дијалог на високо ниво и со Извештајот за напредок, односно во септември и октомври годинава.

Сепак, овие филтри се ефективни само во септември и октомври, додека Договорот од Пржино предвидува неколку важни прашања кои треба да добијат насока до тогаш, како прашањето со Специјалниот обвинител, кое треба да биде решено најдоцна до 15 септември. Експертот Малинка Јорданова од Институтот за европска политика смета дека ако се блокира процесот за Специјалниот обвинител, меѓународните гаранти на договорот ќе се вмешаат со претставници од повисоко ниво.

Работната група предводена од Ван Ховит треба да посредува и во поделбата на неколку управи помеѓу власта и опозицијата. Од СДСМ веќе известија дека станува збор за Државната изборна комисија, Агенција за медиуми, Бирото за јавна безбедност, Државната комисија за спречување на криминалот и корупцијата и Управата за јавни приходи.

Ван Ховит ќе го надгледува и насочувањето на препораките на Рајнхарт Прибе и Европската унија, неопходните реформи во рамки на поглавјата 23 и 24, како и усвојување на препораките на Венециската комисија.

Слични содржини