Од утре постудено и со нови врнежи

од Vladimir Zorba

   Најмногу дожд околу пет литри на метар квадратен утринава има наврнаa во Дебар, а слаби врнежи од снег има во Маврово каде висината на снежната покривка е два сантиметри.

Утринските температури се над нулата освен во Маврово каде се измерени -1 степен. Најтопли градови утрово се Битола, Скопје и Демир Капија со пет степени.

Според УХРМ, утринава низ државата е претежно облачно со локални врнежи од дожд. Врнежите започнале од западните делови, а во втората половина од ноќта и изутринава проширени се  и во источните делови од државата.

Слично време се очекува во текот на целиот ден. Ќе дува слаб, во западните подрачја умерен ветер од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за повремен слаб дожд и слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Утре кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што во следните два дена ќе услови врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Слични содржини