Средношколците од утре го продолжуваат бојкотот на наставата,  но во зголемен број на училишта низ земјава, затоа што продолжува  игнорантскиот однос на надлежните кои иако најавија не остварија средба со нив.

бојкот пленум

 

Средночколскиот пленум најавува дека тие  и утре  продолжуваат  со бојкотирање на редовната настава кој засега им е единствениот начин да го свртат вниманието на одговорните во секторот образование. Празничните денови  тие ги искористиле да се координираат  со инетрните пленуми на 9  скопски училишта со нивните соученици од Охрид, Велес, Струмица, Куманово, Тетово. Од утре на бојкотот се приклучува и средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов” од Битола.

Еден од клучните проблеми кој може да предизвика вистински хаос во образовниот систем според средношколците  е најавата дека оние ученици што нема да  потпишат изјави за полагање на матура по новиот концепт,  може да се соочат со опасноста да не ги полаагаат испитите во јуни, со што ќе се проблематизира уписот на факултетите. Засега од министерството, официјално нема ваква информација.

Средношколците деновиве се пожалија на закани и притисоци од страна на професорите и директорите на училиштата кои од нив барале да потпишат изјави дека ќе полагаат државна матура по новиот концепт, во спротивно добивале закани со неоправдани изостаноци, исклучување од училиште и парични глоби до 2000 евра. Учениците пак од друга страна ќе продолжат секој ден да доаѓаат во училиште и да  водат редовна евиденција за присуство, а времето ќе  го исполнуваат со алтернативни предавања и работилници.

Слични содржини