Во Центарот за јавно здравје-Скопје од утре почнува вакцинацијата против сезонски грип. 

Како што информираат од Центарот, вакцинацијата ќе се одвива од 8 до 18 часот од понеделник до петок и од 8 до 14 часот во сабота. Цената на една вакцина изнесува 400 денари.

vakcina-600x330

Вакцината штити од три типа на вируси ( 2 А и 1 Б) и е наменета главно за лица со хронични болести независно од возраста, за лица над 65 години, за лица со намален имунитет, лица кои се изложени на контакти со многу други лица, здравствени работници и за сите оние кои по своја желба сакаат да превенираат инфекција на грип./MИА

Слични содржини