Од утре во кино салите низ Македонија ќе се прикажува филмот „Оставени“

од Vladimir Zorba

Од Утре, 27. октомври, во кината низ Македонија пристигнува мексикнскиот филм „Оставени“, во кој главна тема е расизам и имигранти на мексиканскиот режисер Јоанас Куарон.
Францускиот уметник, Вудкид (Woodkid) работеше на музиката за филмот „Оставени“ кој на големото платно пристигнува веќе од утре. Од 12 песни кои се наоѓаат на овој саундтрак песната „Land of all“ најмногу се издвои.
download

Мојсес(Гаел Гарсија Бернал) со група имигранти патуваат низ комплицираниот дел на Сонорската пустина која никој не ја чува, пробувајќи илегално да ја преминат границата и да влезат во САД. Нивниот сон за подобар живот го прекинува Сем(Џефри Џин Морган), пореметен отпадник кој граничниот закон го превзема во своите раце. Со пратењето на неговото куче, Сем започнува да ја “лови” групата невооружени маж и жена имигранти кои се нашле таму, пукајќи во нив. Мрачната игра на мачка и глушец започнува, а Мојсес мора да го надмудри ловецот така што не би станал нова жртва во пустината.

https://www.youtube.com/watch?v=4olMG7EwGw0

Овој филм означува посебно и лично патување во приказната за писателот, режисерот, и продуцент Јонас Куарон, кој ги поминал последните седум години работејќи на оваа приказна. Во едно интервју има изјавено :
„Го искористив своето патување низ југозападот на САД каде што сум наишол на луѓе и приказни со сурови имигрантски патувања во потрага за подобар живот. Бев премногу допрен од нивните искуства и едноставно морав нивната приказна да ја прикажам во филм. Уште пред „Гравитација“ бев многу заинтересиран на тема за филмови во кој публиката се поврзува со приказната и карактерите на многу висцерален начин. Сакав да направам напнат филм кој ќе ја вклучи публиката во искуството на имигрантите и истотака им овозможува да размислат околу оваа голема и комплицирана тема во денешниот свет.

Слични содржини