Од верските календари

од Vladimir Zorba

 

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 април.

Денеска е Св. Василиј Исповедник.

На историската сцена свети Василиј заблеска во времето на иконоборечкиот византиски император Лав Исавриецот (717-747). Заради неговиот добродетелен живот тој беше ракоположен за епископ на малоазискиот град Парија. Во текот на своето епископство многу пострада од еретиците иконоборци, држејќи се секогаш до правото исповедање на верата, па со право Бог го прослави, преку црквата придодавајќи му го името Исповедник. Се упокои во мир, откако во се му угоди на Бога.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Марко.

Свети Марко го следел свети Петар на неговите апостолски патувања. Заедно со свети Петар отишол во Рим. На римските верници им ги преведувал говорите на Петар бидејќи многумина не разбирале латински и грчки. На нивно барање, во 44 година настанало Марковото евангелие со кое сакал да докаже дека Исус Христос е Син Божји. Марко во апостолските патувања го следел и апостолот Павле. По маченичката смрт на свети Петар и Павле во 67 година, за време на царот Нерон, Марко заминал во Египет. За време на светата Миса во Александрија во 68 година, паганите го убиле.

Слични содржини