Од верските календари

од Vladimir Zorba

 

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 јуни.

Денеска е Св. Кирил Александриски.

Се роди во Александрија, во втората половина од четрвтиот век. Потекнуваше од благородно семејство и беше роднина со тогашниот александриски архиепископ Теофил. Подолго време се подвизуваше во Нитриската пустина, под раководство на старец Серапион. Оттаму го повика архиепископот Теофил и го ракоположи во чин ѓакон. Кога во 412 година Теофил се упокои, народот го избра Кирил за нов епископ на Александрија. Во негово време се појави ереста на Несториј, кој на Христос му ја одрекуваше божествената природа. Разобличувањето на оваа ерес на Третиот вселенски собор во 431 година во голема мерка е заслуга на свети Кирил. Свети Кирил Александриски се упокои во 444 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св.Иван Фишер и Св. Тома Мор.

Биле убиени во 1535 година кога и биле прогласени за светци по 400 години. Иван Фишер бил бискуп, а Тома Мор, државен канцелар на англискиот крал Хенрик Осми. Голем број католици во Англија останале верни на Римокатоличката црква. Меѓу нив се истакнуваат Иван Фишер и Тома Мор, кои биле убиени поради тоа што не му се покориле на кралот и бидејќи останале верни на Римокатоличката црква.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР  

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 20 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 08 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

 

Слични содржини