Од верските календари

од Vladimir Zorba

 

 

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јуни.

Денеска е Св. апостоли Вартоломеј и Варнава.

Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедаше заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострада маченички. Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се роди на островот Кипар. Беше Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викаше Јосиф, но апостолите му го дадоа името Варна¬ва, што значи Син на утехата. Заедно со свети Павле и Марко проповедаше во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар. Веројатно е прв проповедник и во Рим и Милано. Животот го заврши маченички на Кипар. Пострада од Евреите.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Раѓањето на свети Иван Крстител.

Анѓелот Габриел го навестил неговото раѓање; кога пораснал отишол во пустината. Се слушнал неговиот глас: Спасителот доаѓа, а Иван е неговиот гласник. На реката Јордан, Иван ги покрстувал верниците и од таму е неговото име Крстител.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР  

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 21 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 09 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

Слични содржини