Ода на глупоста – за портпаролот Бујар и Прецедателот-Бунар!?

од Vladimir Zorba

( Или: Така ќе ни заврши среќата, затоа што имаме некои војводи кои ладнокрвно и ја стават јамката на Македонија!?)

vele-mitanoski

За портпаролот на ДУИ Мајскиоиот договор( 2007-ма), помегу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, за влада на овните – победници од македонското и албанското трло, имал сила на мегународен договор!?”Види мајката”, што би рекол Николчo Грујов! A, од каде ДУИ победник – со 10, кога има уште 12 мандати на Албанците во Македонија? Па тоа е можно, само кога е Бујар портпарол, а Хорхе-Прецедателот, раздавач на мандати!?Од каде, еден речиси, таен договор-со мегународна сила?Уште и изгласан со тесно мнозинство, речиси на препад, во ноќ, кога парламентот беше убиен, па малку реанимиран-по повикот од Калето, и потоа повтортно – дозакопан!. Еве, јас самиот не го гласав. А, еве го и моето предупредување, од парламентарната говорница, пред една деценија, на минутка пред дванаесет, на полноќ:

 – Со изборната фатаморгана, ние бегаме од одговорноста за букурештанското отрезнување! Бегаме со креиреање нова криза! Но, сепак, ние сме, истовремено, одговорни пред иднината. Затоа, и како одговор на манипулацијата, токму сега, треба да се понесат крстот и жигот на одговорноста и загриженоста. Денес, не е прашањето: избори – ДА, или – НЕ, туку, во чие име и за која цел, ни се подметнува една стапица, во време невреме? Вистинската дилема е: ќе ја биде, или не Македонија! На таа линија е загрженоста на народот.

Во чие име се напушта еден доверен мандат од народот, за да се побара друг? Се парализира државата во еден временски цајтнот, во еден фото финиш! Кога Македонија е пред целта, пред решението! Зошто се бега од решението? Некој се расфрла со време, кога од Вашнгтон пријателите ни порачуваат дека “имаме само денови, а не месеци!”. Кога од Брисел, отворено ни го испорачуваат предупредувањето: “избори сега-рамно на самоуништување!”. Од релативна стабилност, влегуваме во апсолутна нестабилност! Така ќе ни заврши среќата, затоа што имаме некои војводи кои ладнокрвно и ја стават јамката на Македонија!?(завршен цитат).

Веле Митановски – Фејсбук статус

Слични содржини