“Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) против решението на судија на претходна постапка од 18.07.2016 со што беше одбиен предлогот на СЈО за определување мерки за претпазливост против Г.Ј. опфатена во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“, донесе решение со кое жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решението на судија на претходна постапка се потврдува.”-информираат од Кривичниот суд.

gordana_jankulovska_sud1-670x318
Во обжаленото Решение, судијката на пратходна постапка, Александра Поп-Стефанија, сметаше дека не постои основа за определување мерки на претпазливост за поранешната министерка Гордана Јанкулоска, предложени од СЈО, од причина што не постоеле околности што упатуваат на реална опасност од бегство на осомничената, имајќи ги предвид нејзините лични и семејни односи.

Слични содржини