Оди во политика за да надокнади!? Трамп падна со 35 места на листата за најбогати Американци на “Форбс”

од desk3

download-1
Кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп изгубил за една година 800 милиони долари, што доведе до падот во листата на списанието “Форбс” за најбогатите Американци со цели 35 места, . Според изданието статусот на милијардерот се проценува на 3,7 милијарди долари. Ова е значителен пад во споредба со март 2015 година, кога тоа беше оценувано на 4,5 милијарди долари. Тоа е и речиси една третина од 10-те милијарди долари кои самиот Трамп тврди дека ги поседува. Во новото издание на рангирањето за 400-те најбогати Американци кандидат-претседателот е во редот на 156-то место. Весникот посочува дека како главна причина за тоа е трендот за намалување на цените во секторот на недвижности, каде е центриран суштински дел од неговиот бизнис.

5b6a19b312be16091f6ec2d2bcc62f2e
“Форбс” наведува дека од разгледувани вкупно 28 имоти на Трамп, 18 имаат изгубено од својата вредност. Во нив влегува и најпопуларниот облакодер “Трамп” на Петтата авенија во Њујорк, како и клубот “Мар-а-лаго” во Палм Бич, Флорида. Трамп загуби дел од своите средства и покрај предизборната кампања. Тој инвестира 7 милиони во неа, давајќи на организаторите и дополнителен заем од 48 милиони, Кои е малку веројатно да ги добие назад, наведува “Форбс”. Во изминатата година бизнисменот направил само една голема имотна трансакција – тој купил магацин во Чарлстон, Јужна Каролина. Оваа година списанието ја фокусира листата над имигрантите, кои влегле во престижната листа. Во неа оваа година има рекордни 42 натурализирани Американци. На првото место и во 2016 година останува Бил Гејтс со состојба во износ од 81 милијарди долари. Тој е најбогатиот Американец за 23 последователни години. Во оваа година општата состојба на милијардери на листата на “Форбс” достигна рекордни 2,4 трилиони долари, што е пораст во споредба со 2,34 трилиони долари во 2015 година

Слични содржини