Одлична вест-Филмот за Дивљан ќе се реализира!

од Vladimir Zorba

И тоа се благодарение на обожавателите на неговиот лик и дело


За помалку од две недели преку crowdfunding кампањата собрани се повеќе од половина од средствата за завршување на снимањето на филмот за Влада Дивљан- „Небесна тема„.
Преку платформата за групно финансирање Indiegogo за 13 дена се собрани 21.670 долари, што е нешто повеќе од половина од сумата (56%) неопходна за завршување на снимањето на филмот.
Продуцентската куќа „Стархил„ на овој начин им се заблагодарува на сите луѓе кои се јавија да го поддржат филмот и истакнува дека на тој начин сте станале дел од „Небесна тема„.Вкупната сума од 39.000 долари неопходна за преостанатите 14 дена снимање, а после снимањето следува постпродукцијата на филмот.Доколку парите по пат на кампањата за групно финансирање бидат собрани , снимањето продолжува на 10 јуни.Филмот досега го поддржале 244 луѓе , а поддршката стигнува од Србија, Хрватска, САД, Швајцарија, Германија, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Данска, Канада, Холандија, Велика Британија и уште 14 земји. Кампањата започнала на 5 април и трае 60 дена.


„Небесна тема„ на сценаристот и режисер Младен Матичевиќ е долгометражен документарен филм со елементи на игран филм за великанот на нашата музика Влада Дивљан. Во него учествуваат најзначајните автори од екс-Ју просторите , кои специјално за оваа прилика ќе снимаат и во филмот ќе ги изведуваат новите верзии на песните на Владо. Ваквиот авторски пристап и голем број атрактивни учессници го чинат овој филм единствен проект каков што досега не е виден на нашите простори.Филмот по форма и наративна структура е сличен тоест сроден на својот главен јунак- истовремено и документ и бајка и урбан и емотивен и романтичен.
Во филмот учествуваат Дарко Рундек, Момчило Бајагиќ Бајага, Светозар Цветковиќ, Зденко Колар. Александар Шандоров, Душан Страјниќ,Младен Јуричиќ Макс, Срѓан Гојковиќ Гиле, Срѓан Шапер, Горанка Матиќ, Момчило Мома Рајин, Дина Дивљан и Павле Дивљан, Ивана Шољан, Емил Тедесчи, Бојана Вунтуришевиќ, Душан Којиќ КОја и други.
Во последната година дена снимени се 80 отсто од филмот „Небесна тема„ на локациите во Белград, Загреб, Виена, Ровињ и на Брач.
Филмот покрај пријателите на Владо го поддржале и Филмскиот центар на Србија и Центарот за култура Влада Дивљан../СВ

Слични содржини