Одложен најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ за почетокот на декември

од desk4

ВМРО-ДПМНЕ го одложи протестниот собир пред Влада кој беше најавен за вечерва во 19 часот. Како што соопштија од партијата протестот е одложен за на 3 декември.

Собирот требаше да биде реакција на одлуката за притворот на градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко, но денеска Кривичниот суд му ја укина мерката притвор на Темелко и му ја замени со куќен притвор.

Неофицијално, од партијата се сомневаат дека одлуката за да му се укине притворот на Темелко доаѓа по нивната најава за организирање на протести.

Слични содржини