Одлучено: ЕУ ги ублажува долговите на Грција!

од Vladimir Zorba

Практично Атина добива повеќе време за отплата на дел од нив и гаранции против зголемените камати.

atina-5
Министрите за финансии од еврозоната одобрија мерки за краткорочно олеснување на обврските на грчката држава. Мерките беа предвидени уште во мај и нема да ги чинат ништо европските даночни обврзници. Тие вклучуваат “технички подобрувања на каматните стапки и на плаќанањата по некои должнички обврзници”.
Практично Атина добива повеќе време за отплата на дел од долговите и гаранции против зголемување на каматите.

Шефот на Европската стабилизација и механизам Клаус Реглинг изјави дека тоа е важен чекор за зајакнување на грчките финансии.

Сите овие мерки, можат да придонесат за намалување на грчкиот долг за околу 20 процентни поени од БДП во периодот до 2060 година, смета тој.

Според Евростат грчкиот долг е на пат да достигне оваа година 315 милијарди евра. Тоа е 180 проценти од бруто домашниот производ на земјата.

Еврогрупата категорично одби да ја намали номиналната вредност на грчките обврски.

Германија продолжи да инсистира за постигнување на примарен буџетски суфицит од 3,5 отсто и покрај мислењето на Меѓународниот монетарен фонд дека таа цел е нереална.

Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос се обиде да ги убеди своите колеги од 19-члената монетарна унија дека неговата земја ги прави ветените реформи во замена за спасувачкиот финансиски план.

На средбата на Еврогрупата во Брисел Цакалотос предложи да се направи втора процена на третиот меѓународен план за Грција. Тоа значи дискусии околу можно олеснување на грчкиот долг.

Слични содржини