Се замрзнуваат економските врски, инвестициски проекти и заеднички активности

медведев

Премиерот на Русија даде инструкции на сите министри од рускиот кабинет да подготват предлози за ограничување и замрзнување на економските врски со Турција, соопшти finanz.ru.

Ердоган: Го барам Путин, но тој не ми крева телефон!

 “Ќе бидат ограничени и забрани за работа на економски структури на Турција, активни на руска територија, ограничување и стопирање на испораката на производи, вклучувајќи и намирници, ќе престане обезбедување на предности на турски инвеститори кај нас “, рече уште премиерот. Предвидено е и раскинување на договори за повластен режим при инвестиции на турски компании во Русија. Сите мерки, ако бидат воведени во акција, значат практично трговска војна меѓу Русија и Турција, коментираат експертите.

Слични содржини