Соопштение на МВР:DSC_0104-7-768x512

На 27.05.2016 година, околу 20,30 часот за време на одигрувањето на првенствениот кошаркарски натпревар помеѓу екипите на КК „Куманово“ од Куманово и КК „МЗТ“ од Скопје, во спортската сала во Куманово, полицијата превзеде мерки за спречување на нарушување на ЈРМ, при што привидени се девет лица.

Приведени 9 лица, повредени 3 полицајци, по натпреварот на КК „Куманово“ и КК „МЗТ“ во Куманово

Имено, во текот на третата четвртина од натпреварот од страна на публиката врз гостинските играчи се фрлени разни тврди предмети и недолично однесување при што од страна на делегатот во 20:28 часот е прекинат натпреварот, а од страна на иститот во писмена форма е побарано од страна на полицијата да се испразни салата за продолжување натпреварот.

Од страна на организаторот на разглас е побарано навивачите мирно да ја напуштат салата, меѓутоа истите започнале уште посилно да скандираат дека не сакаат да излезат, продолжувајќи со палење бакли и со фрлање на разни предмети кон теренот и полицијата, при што од страна на Единицата за брзо распоредување е пристапено кон празнење на салата со потиснување на навивачите.ЕБР-удри-по-публиката-на-КК-Куманово-27.05.2016-300x169

По излегување од салата, навивачите продолжиле со нарушување на ЈРМ со фрлање на камења кон влезната врата на спортската сала, при што се скршени повеќе стакла и повредени се 3 полициски службеници, а оштетени се и две патнички моторни возила.

Од страна на полицијата масата е разбиена, а состојбата нормализирана, при што привидени се девет лица, од кои на шест им се изречени прекршочни платни налози за сторени прекршоци од ЗСННОСН, а за три лица кои се малолетни постапката е во тек.

Слични содржини