Напаѓачот не е терорист, туку ментално болен.гер полиц

Напаѓачот во Минхен нема никаква врска со “Исламска држава”. Тоа  го соопштија официјално од германската полиција. Пукањето кое го  окрвави во петокот вечерта Минхен, беше отворена од умоболен  човек со психички проблеми и нема врска со џихадизма. Сторителот сакал што поскоро да го поврзе актот со масовното убиство извршено пред пет години од Андерс Беринг Брејвик во Норвешка, при што загинаа 77 лица, пренесува АФП.

Поаѓаме  од принципот дека ова е класичен чин на умоболен  човек  кој постапил без политички мотиви, изјави обвинителот на Минхен Томас Штајнкраус-Кох. Нема други мотиви за овој чин, кој загинаа девет лица, а други 16 беа повредени, истакна тој.

Според началникот на полицијата во Минхен Хубертус Андре откриени се податоци дека стрелец – 18-годишниот Германец од иранско потекло Давид Али Сонболи – се интересирал од книги и новински статии за сторители на убиства. Нема никаква врска со “Исламска држава” – категоричен е тој. Инспекторите ја  потенцираа врската помеѓу масовното убиство на 22 јуни 2011 година, дело на Норвежанецот Брејвик, и пукањето во Минхен – точно пет години по нападите во Осло  Од Фејсбук истражителите научиле дека информациите за масовни убиства дејствувале како хипноза на стрелецот  од Минхен. Тој  бил живо заинтересиран и од нападот со секира, извршено од Авганистанец во возот во Вирцбург.

Слични содржини