Авионот летал во воздушниот простор на Сирија, категорични се од военото министерство на Русија

2110938284

На територијата на Сирија, како резултат на оган од земјата, беше соборен авион од руската авиогрупа во Сирија Су-24., пријавии “Интерфакс”, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана на Русија.

Авионот бил на 6000 метри надморска височина. Судбината на пилотите се прецизира. Според првичните податоци пилотите успеале да се катапултираат”, велат од министерството. Оттаму дополнуваат, дека за време на летот “, авионот се наоѓал исклучително над територијата на Сирија”. “Ова е фиксно со објективни средства за контрола”, додаваат од МО.  Во меѓувреме на сајтот на турскиот весник Hurriyet се појави информација дека еден од пилотите на соборениот авион е откриен и приведен од сириски туркмени.

Од другастрана Турција тврди дека  отстранила таен  руски авион, кој го нарушил нејзиниот воздушен простор, соопшти турското претседателство, цитирана од агенција Доган и БТА. Според соопштението авионот бил предупреден за прекршокот, но не ги земал  во предвид предупредувањата.

Слични содржини