zapalena_kola

На 12/13.10.2015 година во временски период од 23,30 до 00.45 часот, на четири локации во Куманово опожарени се 11 ПМВ и тоа: на ул.„Пионерска“ опожерени се четири ПМВ „Фолксваген -Голф“ сопственост на Ѓ.Г.(38) од Куманово, „Форд Фиеста“ соственост на И.Б.(28) од Куманово, „Опел Астра“ сопственост на И.С.(35) од Куманово и „Рено Меган“ сопственост на Г.Т (38) од Кратово. На ул.„Димитрие Туцовиќ“ опожарени се четири ПМВ: „Голф“ сопственост на А.Ш.(37) од Куманово, „Тико“ сопственост на Н.П.(53) од Куманово, „Шевролет Авео“ сопственост на И.Р.(46) од Куманово и „Мерцедес“ сопственост на Ѓ.А.(27) од Куманово. На ул.„11-ти Октомври“ опожарени се две ПМВ: „Матиз“ сопственост на А.Т.(40) од Куманово, „Пежо 807“ сопственост на Н.Н.(44) од Куманово и на ул.„Гоце Делчев“, опожарено е ПМВ „Ауди“ сопственост на Д.М.(40), сите од Куманово. Од страна на ППЕ-Куманово пожарите се изгаснати, при што повеќето од возилата се целосно изгорени. Од страна на полициските службеници од СВР Куманово околу 01,00 часот е приведено осомничено лице и се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ке биде поднесена соодветна кривична пријава

Слични содржини