Официјален трејлер за „Ocean’s 8“

од desk2

Пристигна и официјалниот трејлер за „Ocean’s 8“ и тој е преполн со најголемите ѕвезди од Холивуд. Женскиот спиноф на култниот „Ocean’s 11“ е предводен од Сандра Булок, која во филмот се појавува во улогата на сестрата на Дени Оушн, предводникот на групата од оригиналната франшиза.

Покрај Сандра Булок, дел од екипата се и Минди Калинг, Сара Поулсон, Ријана, Хелена Бонам Картер, Ен Хатавеј, Кејт Бланшет, Мет Дејмон и Кејти Холмс.

Премиерата на филмот е закажана за 8 јуни 2018 година.

Слични содржини