Официјална Москва тврди дека се уште нема контакти со Трамп

од Vladimir Zorba

Кремљ смета дека за средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД, Доналд Трамп може да се разговара откако ќе започнат контактите помеѓу новата американска администрација и Москва.

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков изјави дека тоа се уште не се случило.

– Сега е рано да се говори за било какви иницијативи затоа што претседателот Трамп тек почнува со активностите – рече Песков истакнувајќи дека треба да се почека да започнат контактите.

Песков изразил очекувања дека наскоро ќе биде утврден и датумот на првиот телефонски разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и новиот американски претседател, но рече дека за сега нема информации за тоа кога тие двајца би можеле да го одржат првиот состанок.

Според неговите зборови, контактите помеѓу Москва и Вашингтон во врска со датумот на првиот телефонски разговор помеѓу Путин и Трамп е надлежно Министерството за надворешни работи.

Песков додаде дека е прерано да се говори за деталите за било каква можна соработка помеѓу САД и Русија во борбата против исламските екстремисти.

Слични содржини