Официјално: И Асад и ИД извршиле хемиски напади во Сирија

од desk3

Сириските владини воени сили во два наврата користеле отровен гас, додека пак, Исламската држава барем еднаш употребила иперит, стои во извештај од заедничката истрага на Обединетите нации и Организацијата за забрана на хемиски оружја (ОПЦВ).

0681979001413525901_558847_600x458

Истрагата којашто траеше една година посочува доволно докази дека во северозападната сириска покраина Идлиб на 21 април 2014, во селото Талменес, и на 16 март 2015 во градот Сармин, хеликоптери на сириското Воено воздухопловство исфрлиле проектили кои содржеле отровни материи. Во двата случаја е користен хлор, наведуваат западните медиуми.

Од друга страна пак, „Исламската држава имаат единствена можност, способност, мотив и средства да користат сулфурен иперит во градот Мареa“, се вели понатаму во извештајот.

Истрагата на ОН и ОПЦВ беше едногласно усвоена од Советот за безбедност при ОН. Била спроведена за девет случаи на напади (во седум сириски градови), за коишто ОПЦВ, врз основа на своја одделна истрага, веќе имала сознанија дека е користено хемиско оружје.

Во шест од деветте случаи нема заклучок на истрагата./МИА

Слични содржини