policija-noke-520x358
На 11.08.2016 година околу 22.50 часот во Скопје на булевар „Кочо Рацин“. во близина на О.У. „Димитар Миладинов“, три непознати лица извршиле разбојништво врз петнаесетгодишник, при што му одзеле мобилен телефон. Сторителите се доближие до него, го фатиле за рака и го турнале, и со закана со нож му го одзеле мобилниот телефон. СВР Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

На 11.08.2016 година во периодот од 05.00 до 06.15 часот во с.Ношпал, битолско, во куќата на З.Х.(48) непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот влегол насилно преку прозорецот на приземјето од куќата, извршил пребарување при што одзел ловна пушка калибар 12мм, оптички нишан за пушка и околу 1 000 денари. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОКТУПА при СВР-Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 11.08.2016 година околу 06.40 часот на регионалниот пат Виница – с.Смојмирово се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл непозната марка и непознат регистарски број, управуван од Ш.Д. (19) од Виница, излетал од патот. Во незгодата со Ш.Д. се здобил со тешки телесни повреди, кој по укажаната лекарска помош во Здравствен дом-Виница, бил пренесен во Општа болница-Кочани, од каде поради сериозноста на повредите е препратен во Клинички центар-Скопје. По незгодата мотоциклот бил тргнат од местото на настанот и однесен во непознат правец. ПС-Виница презема мерки за негово пронаоѓање. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Виница.

На 11.08.2016 година во 19.20 часот во Скопје на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во непосредна близина со крстосница со ул.„9- ти Мај“, се случила сообраќајна незгода во која мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.И. (18) од Скопје, удрил во пешакот С.С.(51) од с.Лабуништа, струшко. Во незгодата со телесни повреди се здобил Д.И., додека кај С.С. се констатирани тешки телесни повреди и истиот се наоѓа во животна опасност. Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.

РЦ за ГР Запад поднесе кривична пријава против З.Н. (47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31.03.2016 година на место викано „Царина“, на патот кон селото Стење, во ПМВ „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициска патрола пронашла репетирачка пушка со калибар 7,9 милиметри, оптички нишан и два куршуми калибар 7,9 милиметри. Пронајденото оружје и останатите предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

НК за КР Kичево поднесе кривична пријава против Е.М. (20) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 29.07.2016 година на паркинг простор од хотел во Кичево, во згодна прилика извршена е кражба во патничко возило „Џип Чироки“ кој бил незаклучен, сопственост на Б.А. и од фиоката од совозачкото место одзел една кожна женска ташна во која имало 9.450 евра во разни апоени, 4.720 американски долари во разни апоени, златен накит и четири патни исправи, со што е причинета материјална штета во висина од околу 1.000.000 денари.

Слични содржини