policija-mk

На 14.07.2016 година во времето од 14,00 до 16,15 часот во Струга, на ул.„Владо Mалески“, непознат сторител извршил тешка кражба во ПМВ„Ауди“ сопственост на А.Н.(42) од с.Велешта-Струга, при што одземени се 2.000 швајцарски франци и лични документи . Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ш.(18) од с.Камењане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во март 2016 година, во Тетово на ул. „133“ од страна на полицијата е извршен преглед над пријавениот и преглед во неговото возило, при што во возилото е пронајдена 55,78 грама наркотична дрога-марихуана.

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.А.(27) од Куманово, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 21.06.2015 година, во атар на с.Миравци, при извршен преглед над пријавениот пронајдени се две хартиени маркици кои содржеле психотропсна супстанца (ЛСД).

НК за КР Кочани поднесе кривична пријава против С.А.(25) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ . На 06.07.2016 година на ул.Стамен Манов во Кочани пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист искористил прилика кога лице од Кочани со намера да го почести од џебот извадил паричник во кој имало 12.000 евра , 9000 денари и лични документи , а пријавениот на дрзок начин му го грабнал од рацете и побегнал, предизвикувајќи материјална штета од 750.000 денари.

Слични содржини