Ограбен жител на с. Брест, пожари, сообраќајки…

од desk3

policijayeti2
На 26.08.2016 година во 02,30 часот во ПС-Македонски Брод, Н.Н.(1978) од с.Брест, пријавил дека истиот ден околу 02,00 часот во с.Самоков-Македонски Брод, од страна на засега непознати лица му било извршено разбојништво на тој начин што со употреба на физичка сила бил совладан, од џебот на тренерката му биле одземени 8.000 денари, по што лицата се качиле во ПМВ и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 26.08.2016 година во 18,25 часот во Тетово во средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во објект во кругот на училиштето каде што се чувало сено, од засега непознати причини избувнал пожар.
На 27.08.2016 година во 01,30 часот во ЕИК-Скопје, било пријавено дека во с.Волково-Скопје, опожарена била куќата сопственст на М.Р.(1976) во која имало луѓе. Пожарот е изгаснат од екипа на БППЗ-Скопје. Во пожарот нема повредени лица. Се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до опожарување како и за целосно расчистување на настанот.

На 26.08.2016 година во 06,40 часот на регионалниот пат Превалец-с.Смојмирово, на м.в.„Говедарски пат“, атар на Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ„Пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М. (1975) од Кочани и велосипедист С.М. (1945) од Виница. Во незгодата на местото на настанот починал С.М. Увид извршиле ЈО и екипа од ПС-Виница. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 26.08.2016 година околу 20,45 часот на патниот премин (магистрален пат А3 Велес-Штип) преку железничката пруга Скопје-Кочани, во с.Лозово, се случила железничка незгода помеѓу ПМВ„Мазда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н. (1985) од Кочани и патничкиот воз бр.652 со моторна гарнитура 712-101/2, управуван од В.Ц.(1962) од с.Долно Лисиче-Скопје. Во незгодата нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Во времето 20,55 до 23,10 часот, за време на вршење увидот железничкиот и патниот сообраќај биле во прекин.

Слични содржини