Ограбена бензинска пумпа во Арачиново

од desk2

Две непознати маскирани лица вчера околу 17:50 часот извршиле разбојништво над вработениот на бензинска пумпа во село Арачиново и притоа со закана со пиштол одзеле 180.000 денари.

МВР соопшти дека откако разбојниците од вработениот ги одзеле парите од дневниот промет, побегнале во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини