Policiska-lenta_vo-suma_Photo_Toshe_Ognjanov-2-R
На 22.06.2016 година во 18.10 часот во ПО-Теарце, Б.М. (52) од с.Беловиште пријавил дека, во црквата „Света Петка“ во с.Беловиште непознат сторител извршил кражба, при што одзел 10.000 денари.Сторителот преку незаклучената врата влегол внатре во црквата и од сандачето, каде верниците ставале пари, ги одзел и се оддалечил во непознат правец.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
На 22.06.2016 година околу 14.00 часот на локалниот пат Тетово-с.Требош, во внатрешноста на околу 500 метри, во нива посадена со компир, чиј сопственик е непознат, полициски службеници од ПС Тетово пронашле од 150 до 200 непознати зелени стеблести растенија со висина од 40 до 170 см., за кои постои сомнение дека се Канабис сатива. Увид извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 22.06.2016 година во 19.00 часот во ПС-Прилеп, Ј. Г. (40) пријавил дека на ул.„Самоилова“, додека поправал расипана ролетна од балконска врата, пронашол шест прачки индустриски -градежен експлозив, една иницијална каписла и спорогоречки фитил со должина од околу еден метар. Истите биле ставени внатре во кутијата од ролетната во две најлонски кеси. Имено, Ј.Г. станот го купил од С.Ј. пред седум години.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 22.06.2016 година околу 16.50 часот на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „БМВ 530“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Р. (22) од с.Балиндол, гостиварско, и моторцикл „Томос“ без регистарки ознаки, управуван од М.А. (31) од с.Беловиште, гостиварско. Во незгодата, Г.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што му е укажана лекарска помош во Медицински центар Гостивар, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.
На 22.06.2016 година 00.20 часот во Штип, на крстосницата од ул.„Борис Кидрич“ со ул.„Партизанска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Фолваген Венто“со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М. (29) од Штип, и моторцикл „Сузуки-600“ со штипски регистарски ознаки, управуван од А.З. (28) од Штип. Во незгодата, А.З. се здобил со тешки телсни повреди, по што укажана му е лекарска помош во Клиничка болница Штип, но поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Клинички центар Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.
На 22.06.2016 година во 22.00 часот во Скопје на ул.„Бутелска“ во населба Бутел, се случила сообраќајна незгода на помеѓу ПМВ „Форд Ескорт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (20) и Моторцикл „Полар“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р. Г. (20) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле Р.Г. и сопатничката на моторциклот Д. З. (19) од Скопје. Истите со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентен центар Скопје, каде им е укажана лекарска помош. На Р.Г. му се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување, а на Д.З. и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана за понатамошно лекување.

Слични содржини