Ограбена куќа, спречен шверц на мигранти, кривични за затајувач и фалсификатор…

од desk3

Policija

На 21.09.2016 година непознат сторител со употреба на физичка сила влегол преку прозорот од приземјето на куќата, сопственост на К.С.(39) од Прилеп и извршил тешка кражба, при што одзел 5500 евра во разни апоени, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 350.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.

РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против И.С. (34) од с.Арачиново– скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 20.09.2016 година во с.Марвинци–валандовско, од страна на полициски службеници бил забележан пријавениот како во своето возило „Опел Синтра“ превезува 10 мигранти од Авганистан, по што откако започнале да го следат, обидувајќи се да го сопрат, пријавениот по кратко време го сопрел возилото и од истото започнале да излегуваат и да бегаат мигрантите, а додека пријавениот останал во возилото заедно со уште едно лице државјанин на Авганистан, по што истите биле приведени. Од страна на судија на предходна постапка на пријавениот му е одредена мерка претпазливост.

На  21.09.2016 година околу 05,25 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на околу еден километар после с.Удово од страна на полициски службеници, било забележано патничко возило „Форд Мондео“, по што започнале да го следат со намера да го сопрат и на м.в. „113“, возачот го сопрел возилото на коловозната лента, излегол и се дал во бегство во правец на реката Вардар. Од извршената контрола во возилото пронајдени биле 11 мигранти од Ирак. Лицата биле приведени  и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Р.(47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот кон крајот на месец август 2016 година на јавна површина што била прогласена за имот од општа употреба, иако знаел дека со превземеното дејствие врши присвојување на туѓа недвижност со намера да стекне владение, отпочнал со градба на стамбен објект–куќа, без предходно да добие одобрение за градење.

 

На 21.09.2016 година околу 21,30 часот од страна на полициски службеници од ОПКМСР при РЦ-Запад, била приведена Р.С.(36) од Р.Албанија поради поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Истата била задржана во ПС-ОН Охрид.

 

СВР Штип до ОЈО Штип  поднесе кривична пријава против С.С.(49) од Штип управител на авто школа „Делта Среќа“ ДООЕЛ Кочани и правното лице авто школа „Делта Среќа“ ДООЕЛ Кочани поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно кривично дело  „даночно затајување“. Првопријавениот како одговорно лице, управител на второпријавениот правното лице авто школа „Делта Среќа“ ДООЕЛ Кочани во периодот од 01.01.2015 година до 31.12.2015 година со намера второпријавениот да одбегне делумно плаќање на данок, давал лажни податоци за приходите на даночниот обврзник „Делта Среќа“ ДООЕЛ Кочани, а истите биле основица за пресметка на данок на додадена вредност, персонален данок и данок на добивка, со што по основ на неприкажани и неплатени даноци во износ од 338.220 денари кој надминува пет просечни плати за фискалната 2015 година го оштетиле Буџетот на Република Македонија.

 

Слични содржини