Ограбена куќа во тетовско Стримница, штета 600 илјади денари

од Vladimir Zorba

Шестотини илјади денари штета претрпела Н.И.(45) од тетовското село Стримница откако вчера помеѓу 16 и 17 часот засега непознати сторители го искористеле отсуството на домашните и извршиле кражба во нејзината куќа, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

– На засега неутврден начин без траги на насилство сторителите влегле во внатрешноста на куќата, пребарувале во комода во детската и потоа под креветот во спалната соба што го подигнале, пронашле и одзеле кутија со разновиден златен накит – ќустек, лири, обетки, гердан и друго по што незабележани од никого го напуштиле објектот, најверојатно преку отворениот прозорец во подрумот или светларникот. Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале се проценува на околу 600 илјади денари а не е причинета никаква друга материјална штета, рече Јосифовски.

Полицијата извршила увид и работи на расветлување на пријавеното и откривање на идентитетот од сторителите./a1on

Слични содржини