Техника во вредност од над 20 000 долари е украдена од креативното студио на раперот Кание Вест во калифорнискиот град Калабасас, пишува весникот TMZ. Крадецот успеал да ја разбие вратата на студиото и да украде оттаму лаптоп и десктоп компјутери, изјавија за TMZ претставници на органите на прогонот.

kanie
Програмите за безбедност на информациите врз уредите сепак не овозможија пристап до музиката на раперот која била снимана со нив. Во моментов полицијата нема осомничен, но според екипата на Кание станува збор за човек кој бил запознаен со тоа каква техника има во студиото. Веста за кражбата доаѓа во позадината на друг скандал со Кание. Неговите адвокати се заканија дека ќе го тужат неговиот поранешен телохранител Стив Станулис кој говорел пред медиуми за отпуштањетоовој месец. Според тимот на раперот бодигардот потпишал договор за доверливост. Од своја страна, поранешниот полицаец Станулис изјави дека дури откако бил отпуштен и дал интервју Кание побарал тој да го потпише договорот.

Слични содржини