Над 600 декари шумски  на грчкиот остров Закинтос станаа пепел само за неколку часа, јави дописникот на БНР. Има подготвеност жителите во близина на пожарот да бидат евакуирани. Властите сакаат да го ограничат ширењето на огнот. Сите напори се насочени кон лоцирање на пожарот, за да не се блиску до населените места.

По малку стивнување жариштата се разгореа повторно од силниот ветар кој дува на островот. Пожарникарите велат дека огнени терени се тешко достапни.Со огнената стихија од  воздух се борат неколку авиони.

Во акцијата учествуваат многу пожарникари и над 20 противпожарни возила.

Во помош на пожарникарите се формирани доброволни единици од локалните жители.

Причините за пожарот се испитуваат од локалните власти.