Некои од сопствениците на хотели и менаџери во Охрид не се оптимисти дека оваа туристичка сезона ќе биде подобра од минатата. Оние со кои разговаравме велат дека актуелната политичка ситуација во државата и настаните од Куманово оставиле траги врз потенцијалните гости кои сакале да го посетат Охрид ова лето. Перо Кутаноски, менаџер на охридскиот хотел Гранит, вели дека ги очекува тешка сезона потешка од минатата-информира РСЕ

download (1)

„Според досегашните случувања и политичката ситуација и инцидентот кој се случи во Куманово, бидејќи ние сме поврзани со странските тур-оператори, си го зеде данокот. Времето е и дополнителен проблем. Нашите гости кои можат побрзо да стигнат до Охрид и Македонија не се ни одлучуваат да патуваат. Јас мислам дека оваа година ќе биде потешка од минатата година и ќе имаме пад на процентот и на гости и на ноќевања. Политичката криза дефинитивно се одрази“, вели Кутаноски.
Тој посочува дека кај хотелиерите годинава ќе има намалување за 20 отсто на бројот на гости.

Повеќе ТУКА

Слични содржини