Охриѓани сеуште не добиле обештетување за штетите од земјотресите

од desk4

И по три месеци нема одговор кога Охриѓани ќе ја добијат финансиската помош од државата за санирање на штетите од силниот земјотрес од 5 степени кој во јули урна оџаци, цели балкони, разурна ѕидови, направи целокупна штета од 1 милион евра, информира ТВ24.

Иако општинските власти веднаш изработија елаборат кој доби зелено светло од советниците и уште на 30 август беше проследен до владината комисија за проценка и утврдување на штети од елементарни непогоди до денес нема никаква повратна информација за тоа до кога најдоцна граѓаните треба да ги очекуваат парите за обесштетување.

„Најави владата во скоро време ќе ги исплати. Процентот зависи од владата.“ – изјави Раде Велјаноски од Општинска комисија за проценки на штети.

Најалармантно вели Велјаноски е тоа што 13 куќи во Охрид не се воопшто погодни за живеење а семејствата очекуваат санација до пред зима.

„Најзагрозени се приватните куќи. Тие се од четврта категорија.“ – изјави Велјаноски.

Од Владата информираат дека проблемот лежи во тоа што комисијата до која било доставено барањето разрешена е уште на 11 јули, па по тоа барање за обесштетување може да се постапи откако повторно ќе се именува нов состав на комисијата, а кога ќе биде тоа уште не се знае.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини