ОЈО- Скопје сè уште врши претрес на Универзитетот МИТ

од desk3

Основното јавно обвинителство Скопје сè уште врши претрес на Универзитетот МИТ-јави Академик. Со судска наредба, Обвинителството прибира релевантни докази од Универзитетот во врска со истражната постапка што ја води.

download-2

Од Обвинителството не сакаат да откријат детали за документацијата што ја прибираат и за делата што треба да се докажуваат со неа, само кусо наведуваат дека акцијата е сè уште во тек и дека дополнително ќе излезат со соопштение.

Акцијата, како што информираа повеќе медиуми, се спроведува од вчера.

Од МВР велат дека не се запознаени со акцијата и побараа во писмена форма да им ги доставиме прашањата поврзани со случувањата на Универзитетот  МИТ.

„И покрај тортурата што на  5 октомври 2016 се изврши врз Универзитетот и растревожувањето на нашите студенти и на наставниот кадар, Универзитетот МИТ од 6 октомври 2016 продолжува со тековните активности“, се наведува во соопштение објавено на веб-страницата на Универзитетот МИТ.

На нивната веб-страница е наведено дека:

„Универзитетот МИТ е акредитирана високообразовна институција согласно Решение за акредитација бр. Сл. 12 од 14.10.2008 година и упишана во Регистарот на високообразовни установи под број 27.

Повеќе ТУКА

Слични содржини