ОЈО води постапка против организирана група за трговија со дрога

од desk2

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека во текот на вчерашниот ден во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за организиран криминал е спроведена акција за откривање на организирана група што извршува нелегална трговија со дрога при што приведени се три лица.

„Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со предистражната постапка за откривање на организирана група што извршува кривични дела на нелегална трговија со дрога. Акцијата е спроведена против криминална група на повеќе локации и во повеќе населени места при што се откриени наркотици и лишени се од слобода повеќе од три лица“, соопштија од ОЈО.

Од Обвинителството информираат дека во тек е целосното документирање на случајот по што јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на постапката и преземените дејствија.

Слични содржини