Околу 240 турски државјани побарале азил во Грција по обидот за преврат

од Vladimir Zorba

 

Околу 240 турски државјани побарале азил во Грција по неуспешниот обид за преврат во јули минатата година, покажуваат официјалните податоци на грчките власти., пишува весникот „Катимерини“.

Според податоците за периодот јули 2016 – февруари 2017. политички азил во Грција побарале 236 турски државјани.

За повеќето од нив се претпоставува дека се членови на организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за пуч.

Слични содржини