Околу 5.000 демонстранти на маршот “Добредојдовте во пеколот”

од desk3

Полицијата предвидува дека во градот нема да се одвиваат мирни протести туку постои можност за масовни немири. Ангела Меркел веќе упати апел до демонстрантите своите несогласувања да ги изразат на мирен начин. Хамбург се подготвува за ескалација на насилствата на протестните собири  закажани за задутре (во сабота навечер) во време на одржување на самитот Г-20,  откако насобраните луѓе се растерани  со употреба на водени топови, а полицијата предупреди дека демонстрантите би можеле да го закопаат оружјето на тајни локации во градот. 

 Властите во вториот град по големина во Германија се подготвува за пристигнување на светските лидери, вклучувајќи го и Доналд Трамп, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, како и за собирање на неколку илјади демонстранти од антикапиталистичките активисти до луѓе од средната класа кои сакаат да го изразат своето несогласување. Како што пишува Гардијан, полицијата информира дека очекува околу 5.000 демонстранти кои би можеле да станат насилни, а ќе се соберат на маршот наречен “Добредојдовте во пеколот”, баш во време кога светските лидери и интернационалните делагации ќе почнат да пристигнуваат на аеродромот во Хамбург денеска попладне.
Шефот на полицијата на Хамбург Ралф Мартин Мајер, изрази загриженост дека во градот нема да се одвиваат мирни протести туку постои можност за масовни немири, бидејќи анархистите од Скандинавија, Швајцарија и Италија ќе се здружат со локалните активисти. Пред самитот, полицијата заплени ножеви, бејзбол палки и боци за кои се сомнева дека се исполнети со запаливи течности и непознати хемикалии на различни локации во градот и околината, а се сомнева дека се најдени само мали количини на оружје кое е скриено за да би било употребено во текот на протестот.

“Постојат докази дека на протестите како што и се плашевме и очекувавме ќе има насилство”, рече Мајер. Како што е најавено, за одржување на мирот на протесите ќе бидат ангажирани околу 15.000 полицајци. Шпигел пренесе дека германското министерство за одбрана на војниците им советувало да не носат униформи во текот на самитот, за да не станат  “цели на спонтани напади на насилно настроените демонстранти”. Како што наведува Гардијан во јавноста протекле наводните планови на демонстрантите да го “прекинат одвивањето на самитот, да ги завземат сите пристапни патишта и логистички центри, да ја нападнат градската инфраструктура и да го блокираат пристаништето”.

Меѓутоа многу локални жители се жалеле на ваква засилена полициска акција, влејќи дека полицијата само ја подига тензијата пред самитот. Во ноќта меѓу вторник и среда, хамбуршката полиција со водени топови ги растерала стотината луѓе кои се собрале да пијат алкохол и да слушаат музика, а германскиот весник Таз тоа го опиша како демонстрација на полициската сила во текот на мирни протести. Како што е најавено, сличен мирен протест, вклучувајќи и отворена рејв журка во пристаништето, планирана е во текот на самитот. Меѓутоа полицијата во Хамбург веќе предупреди дека “поради најавата на левичарските активисти и името на протестот Добредојдовте во пеколот, мораат да го претпостават високиот безбедносен ризик”.
Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше до демонстрантите да своите несогласувања ги изразат на мирен начин, предупредувајќи дека “оние кои се свртат кон насилството всушност ја исмејуваат демократијата”. Во интервју за неделникот Цајт, Меркел ја бранеше контроверзната одлука да Г-20 самитот да се одржи во Хамбург, наведувајќи дека важноста на овој настан и очекуваниот број на гости бараат инфраструктура на голем град. Ангела Меркел, која вечерва со американскиот претседател Доналд Трамп ќе има 45 минутен состанок, а потоа ќе присуствува на заедничката вечера со делагацијиите од Азија, рече дека собирањето на светските лидери во разговор на иста маса сама по себе е голема работа, во време кога промената на структурата на власта предизвикува “занеменост”.

 

 

 

Слични содржини