Околу 50 уметници ги повикаа „Рејдиохед“ да го откажат концертот во Израел

од Vladimir Zorba

Околу 50 уметници ја повикаа преку отворено писмо групата “Рејдиохед” да го укине концертот во Израел на 19 јули во знак на сочувство кон палестинските активисти, чија цел е културен бојкот на окупираната еврејската земја. Меѓу нив се музичари како Роџер Вотерс, Стиви Вондер, Карлос Сантана и Лоурен Хил. Многу други водечки имиња во музичката индустрија, сепак сакале да испорачуваат концерти на израелска територија, непочитувајќи ја иницијативата на Палестинците.

Засега “Рејдиохед” одбиваат да дадат коментар и да индицираат по каков и да било начин намери за учество во Тел Авив.

Британските алтернатив музичари сепак не се единствените, против кого е наметнат притисок од еснафот. Во моментов истото барање е упатено и кон рокерите од “Кемикал Романтик”, а тоа е поддржано од петиција потпишана од над 7000 луѓе.

Слични содржини