Оливер Драгојевиќ на концерт призна дека му треба помош и дека е болен

од Vladimir Zorba

  Вјеруј у љубав, рекли су ми… далматинската ѕвезда не се предава пред опаката болест , но на сцена призна дека сепак помошта сега му е најпотребна.

Оливер Драгојевиќ за првпат запеа во јавност откако пред два месеци ја соопшти лошата вест дека има тумор. Хрватската ѕвезда донесе многу емоции на концертот „Верувај во љубов“, а публиката пееше со него и го наградуваше со гласни аплаузи.

Во еден момент, славниот пејач ја извади капата и покажа дека ја изгубил косата поради хемотерапијата.

„Јас сум добро, терапијата е добра, ја поднесувам хемотерапијата одлично, резултатите се видливи и треба да се издржи“ – изјави Драгојевиќ за хрватскиот медиум IN Magazin.

Оливер Драгојевиќ Оливер ДрагојевиќКонцертот кој се одржа во Сплит беше организиран од невладината организација Жупаниската лига против ракот, по повод 50 години хуманитарна работа. Тој на бината пееше толку колку што имаше сила само 5-6 песни.Не криеше да каже дека сега помошта му е најпотребна.

Иако тешко болен сепак духовитоста кај него не исчезнала , тој на публиката и рекол дека докторот му рекол да мисли на здравјето, така да мора да скрати со настапот ,  на што добил овации и солзи во очите кај публиката кја сочуствувала со него.

Следниот свој концерт, Оливер ќе го одржи во декември, кога ќе го прослави и својот 70 роденден.

Слични содржини