ОМ: Го поздравуваме чинот на гарантирање на унитарноста на државата, честитки до мандаторот

од Vladimir Zorba

„Обединети за Македонија искажува срдечност, кон актот на доделување на мандатот од страна на Претседателот на државата, и укажува на фактот дека во овој случај беше демонстрирана државност од страна на посочениот.

Истотака сакаме да го поздравиме чинот на гарантирање на унитарноста на државата, и да посочиме дека со самиот чин беа отфрлени сите шпекулативни дејства, врзани за територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката.

Обединети за Македонија му честита на новиот мандатор, и дава целосна и недвосмислена поддршка за формирање на нова реформска Влада, на чело со мандаторот Зоран Заев“, соопштуваат од Обединети за Македонија.

Слични содржини