ОМД: Фирмата на Нимиц инвестирала во Грција

од desk4

Од Обединета македонска дијаспора обвинуваат дека фирмата “General Atlantic” каде што Метју Нимиц ја извршувал функцијата Главен оперативен директор во 2005 година инвестирала 127 милиони долари во данската банка “Saxo Bank” која има своја банка-подружница во Грција – “Saxo Bank Hellas.”Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

Ова е класичен пример на судир на интереси за улогата која Нимиц ја има како медијатор во спорот меѓу Македонија и Грција, и ја доведува во прашање неговата независност и непристрасност. Крајно недозволиво е медијатор да има финансиски и бизнис интереси во една од државите кои се дел од спорот, и притоа да тврди дека е непристрасен.

Минатата недела и самиот Нимиц призна дека неговата фирма инвестирала во “Saxo Bank”, но вели дека “не знаел дека банката има подружница во Грција”?!

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) јавно го прашува господинот Нимиц:

1. Дали го има пријавено овој судир на интереси во Етичката канцеларија на ОН?

2. Дали тој остварил личен профит од оваа зделка?

3. Дали смета дека бизнис интересите влијаат на неговата работа како медијатор?

Слични содржини