Од географска и еколошка гледна точка сирискиот конфликт е резултат на акутната криза во снабдувањето со вода. За да ги реши своите проблеми на Сирија не и требат тенкови, туку преработувач на морска вода.

VODA

Коментаторите го објаснуваат миграцискиот поток, кој оди во Европа, со религиозните и етнички конфликти, но всушност коренот на проблемот лежи во недостигот на вода за пиење, поради што народот од посиромашни селани се брзаат кон градовите.

Миграциските толпи засилија демографскиот и економскиот притисок во градовите, а режимот кој од самиот почетокго игнорира проблемот, само го продлабочи откако реагираше со суровоста на масовните протести во Дера. Експлозивниот бран од овие крвави протести ја уништи Сирија внатре, достигна до Европа и се шири пред очите на целиот свет.

Причините за водната криза се поврзани со програмата на Хафез ал Асад, претходниот претседател на Сирија, кој во 60-тите години одлучи да ги зголеми површините со пченица, за да ги задоволи домашните потреби и дури да почне со извоз. Во 70-тите години нови поврѓини дури и на шумското земјиште и пустината беа посеани со пченица. Околу половина од потребната вода доаѓаше од Еуфрат и од бунари, создадени со дозвола на властите.

Многу наскоро Сирија успеа да ги задоволи своите внатрешни потреби од пченица и дури да натрупа резерви. Покрај тоа, започна одгледувањето на воден памук. Но креираните од човекот проблеми, предизвикаа стихијни катастрофи, и ја поткопаа оваа програма. Во јуни 1990 година сретнав во Берлин на Конференција специјалист за водните ресурси од Сирија.
Таа ми кажа дека во тоа време, 20 години по започнувањето на горенаведената програма, нивото на грунтовите води нагло опадна и започнало загадување на изворите. Сирија страдаше од недостигот , владата не можеше да го реши овој проблем, полињата беа напуштени, а земјоделците со цели семејства се преселија во градовите, каде што нивото на подземните води, исто така се намали до нивоа, по што нивната употреба стануваше опасна. Оваа жена беше исклучително загрижена поради неактивноста на Владата. Оттогаш кризата само се продлабочи, а режимот на синот на Асад беспомошно ги набљудуваше случувањата.

Блискиот Исток ги доживува тешкотии со водоснабдувањето, тоа не е вест. Во земјите од регионот, каде поминуваа реки се градеа гигант брани, се прославуваа имињата на лидерите кои ги користеа се за создавање на водни резервоари и за производство на електрична енергија. Во 70-тите години на Еуфрат во Сирија беше изградена браната и резервоар за вода, крстена по Асад. Во 80-тите години Турција ја започна изградбата на браната Ататурк, една од 22 брани на Тигар и Еуфрат.

Овие реки извираат од Турција и поминуваат низ територијата на Сирија и Ирак, за да се влејат во Персискиот залив. Многу брзо половина води на Еуфрат почнаа да остануваат во Турција. Со падот на нивото на Еуфрат во Сирија се прошири љубопитство за артериски бунари, што како резултат доведе до празнењето на водоносниот слој.
Кон сето ова треба да се додаде процесот на затоплување и претворање во пустини на некогаш обработливото земјиште. Сушните години уште посилно ја усложнило ситуацијата, претежно трите години суша, почнувајќи од 2008 година Сирија, ја принидија Сирија п да започне со увоз. Владата не помагаше на земјоделците и тие почнаа да мигрираат кон градовите. Ако во 70-тите години во земјоделството биле вработени околу две третини од работната рака, во првата деценија на 21 век нивниот удел падна под една четвртина.

Милиони кај 20-милионското население се преместија во градовите, кои не издржаа на овој притисок. Безредијата во Дера, каде живеат околу 100 000 луѓе, а околу една третина од нив се мигранти, избувнаа во средината на март 2011 година. Наместо да се обиде да го реши проблемот, алевитскиот режим реагираше брутално.

Стрелањетп врз демонстрантите разви таква хистерија што таа ја зафати целата земја. Следните настани се историјата на граѓанската војна, која доби религиозен, етнички, социјален, но најмногу суров карактер. Треба да сфатиме дека од геостратешка гледна точка сирискиот конфликт – со сите негови домашни и меѓународни последици – е резултат на очекувана криза, која во текот на десетици години се загреја на бавен оган и никој не се обидел да ја спречи.

Технологијата за преработка на морската вода била позната, како и технологијата за испорака на свежа вода за фарми. Неактивноста како на сириско, така и на меѓународно ниво ја разви оваа катастрофа и нејзините последици излегоа далеку надвор од границите на Сирија. Неопходно е да се преземат мерки за решавање на проблемите. Исто така треба да се разбере дека оваа војна и миграцискиот бран, предизвикана од недостиг на вода, се само мал дел од војните и преселби на народите поради апокалиптичен недостиг на вода, кој ќе изврши огромно влијание на идните генерации, ако глобалното затоплување продолжи со истите темпо.
Топењето на снеговите и глечерите влијае на нивото на реките Ганг, Брахмапутра и Иравади, во базените во кои живеат околу 2 милијарди луѓе. Затоа е неопходно да се преземат итни мерки за борба против глобалното затоплување. Очигледно е дека инсталациите за освежување на вода не можат да ги решат сите проблеми. Ние немаме право да вртиме грб и да се правиме дека овој проблем не се заканува целото човештво.

—————— Ајала Тамри, географ и еколог. Таа е творец на еколошкиот оддел во Министерството за инфраструктура и сопственик на консултантска компанија за прашањата на животната средина. Анализата е објавен во “Хаарец”.

Слични содржини