ОН бара да изнајми хотели во Грција, за во нив да смести бегалци, пишува електронското издание на грчкиот весник „Прото тема”, пренесува БТА.

greece6_2218682b

Високиот комесаријат на ОН за бегалци испратил до здружението на хотелиерите писмо со барање за хотелски комплекси со капацитет до сто соби. Планирано е тие да бидат изнајмени за период од девет месеци.

Условот е хотелите да се стационирани на околу 50 километри надвор од Атина и Солун, да имаат три ѕвезди и да нудат три оброци на ден.

Во писмото се наведува дека се сака да се најмат веднаш.

Слични содржини